Училиштата може да преземат позитивни чекори за намалување на насилството или можностите да се случи насилство. Со помош на програма поддржана од УНИЦЕФ се спроведува обука за намалување и спречување на насилство во сите училишта во земјата, и со континуирана помош од екипа на фасилитатори за каскадна обука училиштата воведуваат "пристап на цело училиште" во изработувањето на политики за однесување со цел да се реагира на насилството во нивните заедници.
Овие принципи што се вградуваат во работата на училиштата се засновани врз опсежни студии кои покажуваат дека со казнување не се успева да се намали насилството и дека најуспешните стратегии се оние што се ориентираат кон градење на позитивна култура во училиштето.
Честопати родителите бараат училиштата да го зајакнат надзорот за да се заштитат нивните деца, но овие мерки не водат кон долгорочни решенија. Исто така, понекогаш родителите сметаат дека не е нивна одговорност да се вклучуваат во училишниот живот, но ниеден план нема да има ефект ако не е ставен во контекст на содејството меѓу училиштето и заедницата, и во и надвор од училиштето.
Потебна е колективна поддршка за училишната политика за однесување. Тоа значи активно учество од сите чинители – училишно раководство, персонал, родители и старатели, и ученици од сите заедници во училиштето – во изработката, спроведувањето и ревидирањето на политиката.
Еве некои начини како вие, како родител, можете да помогнете.