header
EnglishAlbanian
  • ПОЧЕТНА
  • ВРЕМЕ ЗА ПРОМЕНА
    • Време е да разбереме што е насилство
    • Време е насилството да излезе на виделина
    • Време е да се дејствува
  • НАЦИОНАЛНА АКЦИЈА
    • Градење на капацитетите на училиштата
    • Национална политика, стратегија и насоки
  • ВЕСТИ
    • Најнови вести
    • Прослави го успехот
  • МЕДИУМСКИ МАТЕРИЈАЛИ
    • Симни материјали од кампањата
    • Вклучи се и направи свое видео
    • Вклучи се во flash mobs
    • Прочитај текстови за песни од деца
    • Погледни видеа направени од деца
  • ПОИМНИК
  • КОРИСНИ ЛИНКОВИ И ЛИТЕРАТУРА

Биди пример на позитивно однесување

Бидете пример за позитивно однесување и поставете граници во однесувањето, додека истовремено ја градите самодовербата кај вашето дете

Постојат алтернативи за дисциплинирање на деца без казнување. За почеток, важно е да не се заменува еден вид на казнување (т.е. удирање) со друг (т.е. викање и навредување). Дисциплинирањето треба да стане позитивен, а не казнувачки процес. Ова е дел од комуникацискиот однос меѓу возрасен и дете.

"Добрата" дисциплина – што на крајот на краиштата нужно се сведува на самодисциплина – се потпира на возрасни лица кои покажуваат и објаснуваат позитивно однесување; поставување на високи очекувања од волјата на детето – и реални очекувања за нивната развојна способност – да го постигнат посакуваното ниво на однесување, и наградување на нивните напори со пофалби, дружење и почитување.

Еве неколку совети да ви помогнат во поставување на граници на однесувањето, додека истовремено ја градите самодовербата кај вашето дете

Почнете со тоа што ќе посветите повеќе време на разговор и вистинско слушање на вашето дете: Децата и младите често не знаат како да ги искажат нивните проблеми. Кога разговарате со вашето дете и "навистина" внимавате на тоа што ви го кажува, со тоа им покажувате дека навистина се грижите за нив и ги почитувате. Тоа исто така им помага и да ги испитаат нивните чувства и им помага тие чувства да ги преточат во зборови. Ова помага во развојот на нивната самодоверба.

  • Важно е да се најде вистинското време и место за отпочнување на разговор, со цел вашето дете да може да ви се довери и да ви ги каже своите проблеми. Ова може да биде кога нешто правите заедно: купувате, се шетате, вечерате, играте друштвени игри. Она што е важно е атмосферата да биде опуштена и вашето дете да знае дека го има вашето неподелено внимание.
  • Можеби ќе треба вие да го отпочнете разговорот и да го поттикнете вашето дете да се отвори. Прашајте за тоа како поминал денот на училиште, не само за часовите, туку и што друго се случувало тој ден. Прашајте за пријателите на вашето дете. Прашајте како се чувствува поради некоја ситуација. Прашајте го/ја за мислење за различни работи, како смета дека може да се решат некои проблеми. Немојте да вршите притисок за да добиете одговор на вашите прашања. Проблемот можеби веќе и не е важен за него/неа.

 

Постојано истакнувајте ги позитивните работи за вашето дете и не користете негативни зборови: Децата треба да знаат дека нивните родители ги прифаќаат и ги сакаат. Родителите може да придонесат за тоа децата да се чувствуваат позитивно за себеси според тоа што велат и како го велат тоа. Пофалба упатена кон детето, со изрази на поддршка и охрабрување, може да направи детето да чувствува поголема самодоверба и вредност. Освен тоа, на овој начин се дава добар пример за детето и може да има влијание врз начинот на кој детето се однесува со своите пријатели и другите луѓе.

Децата имаат потреба да знаат дека нивните родители ги сакаат без оглед на тоа како се однесуваат. Кога родителите се служат со негативни зборови, тие упатуваат на негативни однесувања, но децата понекогаш тоа го толкуваат дека родителот така мисли за нив. Ова може да направи да се чувствуваат лошо и безвредно. Важно е јасно да покажете дека вашата љубов е безусловна, дури и кога зборувате за лошо однесување.

Користете поинакви начини од удирање на вашето дете или прибегнување кон психолошко казнување: Начинот на кој родителите ги дисциплинираат нивните деца е чувствителна тема. Голем број на луѓе биле удирани како деца или нарекувани со навредливи имиња; проучувањата покажуваат дека некои родители и понатаму ги удираат нивните деца и ги нарекуваат со погрдни имиња кога ќе постапат неправилно. Не сакаме да мислиме негативно за нашите родители или начинот на кој ние самите сме биле воспитувани. Затоа понекогаш е тешко да се согледа и соочи со фактот дека удирање на дете или викање на него/неа со навредливи имиња е лошо родителство. Исто така, понекогаш е тешко да се согледа дека со удирање или користење на навреди праќаме порака дека е во ред да се решаваат проблеми со сила или агресија. Често ова се прави од лутина или фрустрација, и затоа што родителот не знае поинакви методи. Еве некои совети како да помогнете детето да се однесува правилно без да "заигра шлаканицата":

  • Утврдете што е проблемот и обидете се да го решите. Можеби вашето дете се чувствува игнорирано, загрижено, или едноставно уморно или гладно. Прашајте се "зошто" вашето дете се однесувало на тој начин и решете го проблемот.
  • Помогнете му на детето да го разбере вистинскиот проблем и објаснете дека тоа што го направил/а не е исправно. Исто така, внимавајте детето да разбере дека однесувањето е тоа што не ви се допаѓа ("не сакам такво однесување"), а не детето ("не сакам кога така се однесуваш").
  • Разговарајте за работите кога детето е смирено и подготвено да разбере. Бесцелно е да се обидувате да разговарате кога вашето дете е налутено.
  • Ако однесувањето на детето предизвикало штета, помогнете да ја исправи.
  • Имајте на ум дека на децата им треба внимание. Не ги игнорирајте кога "добро се однесуваат", а да им посветувате внимание кога се "однесуваат неправилно". Така може да научат дека единствен начин да го добијат вашето внимание е да се однесуваат неправилно. Внимавајте кога ќе направат нешто добро и пофалете ги за тоа.
  • Понекогаш родителите ги удираат децата бидејќи сметаат дека тоа е единствениот начин да ги заштитат од опасност (ако лазат кон вжештена печка или истрчуваат на опасна улица). Секако дека морате физички да ги заштитите – да ги зграпчите, подигнете, да им укажете на опасноста. Но, ако кренете рака да ги удрите, вие самите ги повредувате децата.
  • Не дозволувајте некоја ситуација со вашето дете да ја надвладее вашата самоконтрола. Вдишете длабоко, прошетајте и обидете се да се опуштите пред да се обидете да се справите со ситуацијата. Во некои случаи може да треба дури и да побарате помош.
  • УЧИЛИШТА
    • Изготви политики за однесување
    • Промовирај ненасилство во наставната програма
    • Промовирај партнерство за позитивна атмосфера
  • НАСТАВНИЦИ
    • Воведи ред – не страв
    • Интервенирај со решавање на проблемот
    • Награда - не санкција
    • Примени ефективни наставни стилови
    • Идеи од работилници за превенција и за интервенција
  • УЧЕНИЦИ
  • РОДИТЕЛИ
    • Биди пример на позитивно однесување
    • Внимавај на првите предупредувачки знаци
    • Помош - не казна
    • Вклучи се во училиштето
  • ЗАЕДНИЦИ
    • Медиуми
    • Парламент
    • Служби за помош во зaедницата

follow-us-on-facebook

ДОБРЕДОЈДОВТЕ

Welcome_Schools_Free_Of_Violence

Помогнете ни од оваа веб-страница да направиме место кое ќе му покаже на светот како се здружуваме со цел да создадеме земја во која нема насилство во училиштата.

Logo_Final_MK

Глобалната иницијатива за укинување на физичко казнување на деца има собрано голем број ресурси за поддршка на родителите кои одлучуваат да не се служат со физичко казнување при воспитувањето на нивните деца.

unicef-logo mon_logo

  • Правни информации
  • Мапа на сајтот
  • Контакт