header
EnglishAlbanian
  • ПОЧЕТНА
  • ВРЕМЕ ЗА ПРОМЕНА
    • Време е да разбереме што е насилство
    • Време е насилството да излезе на виделина
    • Време е да се дејствува
  • НАЦИОНАЛНА АКЦИЈА
    • Градење на капацитетите на училиштата
    • Национална политика, стратегија и насоки
  • ВЕСТИ
    • Најнови вести
    • Прослави го успехот
  • МЕДИУМСКИ МАТЕРИЈАЛИ
    • Симни материјали од кампањата
    • Вклучи се и направи свое видео
    • Вклучи се во flash mobs
    • Прочитај текстови за песни од деца
    • Погледни видеа направени од деца
  • ПОИМНИК
  • КОРИСНИ ЛИНКОВИ И ЛИТЕРАТУРА

Примени ефективни наставни методи

Ефективни стилови на настава

Возрасните постојано им претставуваат пример за однесување на учениците, но понекогаш, несакајќи, претставуваат пример за авторитативно однесување и за став базиран на „моќ".

Наставниците поставуваат модели за однесувањето на учениците и тогаш кога немаат таква намера.Однесувањето на наставникот влијае врз тоа како се чувствуваат учениците и каква е нивната мотивираност да научат.

Добрите наставници размислуваат кога и како да го менуваат стилот во согласност со околностите. Ефективните наставници користат низа стилови, во зависност од ситуацијата.

Погледнете ги следните стилови според Големан, потсети се и дознај кои стилови ги користиш во својата работа.

1. Команден

Целта е да се побара итно исполнување. Наставникот користи многу директиви, наместо насоки, очекува исполнување, држи цврста контрола, и наметнува многу санкции со малку награди.

Изразен со една фраза, стилот би гласел: „Прави што ќе ти кажам".

Кога се применува најдобро овој стил: за едноставни, јасни задачи – на пример, поправање на учесникот што намерно не ги почитува договорените основни правила за групата или ја дели групата на помали групи.

Целосно влијание врз атмосферата во групата: негативно – и треба ретко да се користи, на пример, ако треба повторно да воспостави контрола

2. Авторитативен

Целта е да обезбеди долгорочно насочување и разбирање за учесниците. Наставникот развива и артикулира визија за иднината, смета дека долгорочните визии се важни, ги убедува учесниците со тоа што им објаснува „зошто"се нештата такви, и подеднакво користи и позитивни и негативни повратни информации, за да им помогне на учесниците да бидат дел од визијата.

Изразен со една фраза, стилот би гласел: „Дојди со мене".

Кога се применува најдобро овој стил: кога промените диктираат потреба од нова визија или кога се бара јасно насочување, на пример при претставување принципи што ќе им помогнат на учесниците да го подобрат однесувањето на учениците.

Целосно влијание врз атмосферата во групата: најчесто многу позитивно – треба да се користи често.

3. Солидарен

Целта е да се создаде хармонија и да се изградат односи во групата и меѓу групата. Наставникот најмногу го засега промовирањето пријателски интеракции, нагласокот е на личните потреби на учесниците наместо на целите/стандардите, се грижи за целата личност, при што ги избегнува недоразбирањата.

Изразен со една фраза, стилот би гласел: „Луѓето се на прво место".

Кога се применува најдобро овој стил: за смирување расправи во групата или за да се мотивираат учесниците во стресни околности, на пример, ако загубил член од групата некој близок, или ако темата побудува емотивни сеќавања од личното ученичко искуство на учесниците.

Целосно влијание врз атмосферата во групата: позитивно – треба да се користи често за да се изрази грижата за добросостојбата на поединците и на групата.

4. Демократски

Целта е да се изгради приврзаност кон идеите на програмата „Намалување на насилството во училиштата" и да се генерираат нови идеи од самите учесници. Наставникот поттикнува учество, бара консензус и сака да придобие преку чувството на сопственост.

Изразен со една фраза, стилот би гласел: „Што мислите?"

Кога се применува најдобро овој стил: да се изгради вклученост или консензус или да се придобијат учениците да дадат свој влог од сопственото искуство; може да се користи и кога е визијата јасна, но активностите што треба да доведат до нејзино остварување не се толку јасни, или е потребно да се вклучат поголем дел од учесници, на пример, кога се објаснуваат исходите од учењето или кога се прашува за интересите на учесниците и за потребите за учење.

Целосно влијание врз атмосферата во групата: позитивно – најсоодветен е кога се организираат групните активности и кога се охрабруваат учениците целосно да се вложат во училишните активности.

5. Диктирачки стил

Целта е да се изработат висококвалитетни задачи. Наставникот води со сопствен пример, демонстрира високи стандарди, очекува другите да ги знаат основните принципи зад она што го покажува тој со сопствен пример, нерадо делегира, не сочувствува многу со оние што споро учат и ја спасува ситуацијата кога се појавуваат тешкотии во групата.

Изразен со една фраза, стилот би гласел: „Правете како мене, и тоа веднаш".

Кога се применува најдобро овој стил: за постигнување брзи резултати од високо мотивирани и компетентни групи, на пример, група на која ѝ се допаѓа програмата „Намалување на насилството во училиштата", но која не го достигнува својот потенцијал и ќе има придобивка ако се натера да научи повеќе за да продолжи заедно понатаму.

Целосно влијание врз атмосферата во групата: негативно – најкорисен е само како изблик, кога се мотивира групата. Треба да се внимава да не се дозволи групата да се навикне на тоа да ја поттурнува наставникот.

6. Подучувачки

Целта е да се поддржи долгорочниот развој на учесниците. Наставникот им помага на членовите на групата да ги идентификуваат своите силни и слаби страни, ги охрабрува да планираат понатамошно развивање по програмата „Намалување на насилството во училиштата", се договара за насоката во која ќе се продолжи, дава тековни совети и повратни информации и може моменталните стандарди на изведување да ги замени со долгорочен развој.

Изразен со една фраза, стилот би гласел:„Обидете се".

Кога се применува најдобро овој стил: за да им помогне на учениците да ја подобрат својата работа во училиштето и да развијат трајни силни страни, на пример, да станат многу посигурни во начинот на поставување стандарди во училиштето или во спротивставувањето на некој што сака да доминира.

Целосно влијание врз атмосферата во групата: позитивно – стил што е особено поволен за работење со учесниците врз училишните активности и за време на училишните посети.

Примена на стиловите:

Различни луѓе можеби би одбрале други зборови за да ги опишат истите стилови. Важно е да се знае кој стил да се користи во која ситуација, и кој стил најмногу одговара не само на комбинацијата на личности во групата , туку и за тоа што треба да се оствари. Важно е да се има широк репертоар на стилови за да се одговори на многуте различни ситуации.

Кога ќе ги применувате треба да имате предвид:

списокот не е хиерархиски; сите стилови може да се соодветни,

нема правилен и погрешен стил,

нема потреба фасилитаторите да користат некој стил ако ги прави да се чувствуваат неудобно,

фасилитаторите што ги користат сите шест стила во некоја фаза од програмата „Намалување на насилството во училиштата" најверојатно ќе бидат поефективни од другите.


Teaching Styles

Effective teachers use a variety of styles, depending on the situation. Watch this video to find out which styles you use in your work.

Teaching Styles (Arriving Late)

Teaching Styles (Settling the class)

Teaching Styles (Starting the lesson)

 

Teaching Styles (Responding to a late arrival)

 

Teaching Styles (Setting rules)

 

Teaching Styles (Responding to Individual Needs)

 

Teaching Styles (Dealing with unacceptable language)

 

Teaching Styles (Finishing a lesson in an orderly way)

  • УЧИЛИШТА
    • Изготви политики за однесување
    • Промовирај ненасилство во наставната програма
    • Промовирај партнерство за позитивна атмосфера
  • НАСТАВНИЦИ
    • Воведи ред – не страв
    • Интервенирај со решавање на проблемот
    • Награда - не санкција
    • Примени ефективни наставни стилови
    • Идеи од работилници за превенција и за интервенција
  • УЧЕНИЦИ
  • РОДИТЕЛИ
    • Биди пример на позитивно однесување
    • Внимавај на првите предупредувачки знаци
    • Помош - не казна
    • Вклучи се во училиштето
  • ЗАЕДНИЦИ
    • Медиуми
    • Парламент
    • Служби за помош во зaедницата

follow-us-on-facebook

ДОБРЕДОЈДОВТЕ

Welcome_Schools_Free_Of_Violence

Помогнете ни од оваа веб-страница да направиме место кое ќе му покаже на светот како се здружуваме со цел да создадеме земја во која нема насилство во училиштата.

Logo_Final_MK

unicef-logo mon_logo

  • Правни информации
  • Мапа на сајтот
  • Контакт