header
EnglishAlbanian
  • ПОЧЕТНА
  • ВРЕМЕ ЗА ПРОМЕНА
    • Време е да разбереме што е насилство
    • Време е насилството да излезе на виделина
    • Време е да се дејствува
  • НАЦИОНАЛНА АКЦИЈА
    • Градење на капацитетите на училиштата
    • Национална политика, стратегија и насоки
  • ВЕСТИ
    • Најнови вести
    • Прослави го успехот
  • МЕДИУМСКИ МАТЕРИЈАЛИ
    • Симни материјали од кампањата
    • Вклучи се и направи свое видео
    • Вклучи се во flash mobs
    • Прочитај текстови за песни од деца
    • Погледни видеа направени од деца
  • ПОИМНИК
  • КОРИСНИ ЛИНКОВИ И ЛИТЕРАТУРА

Воведи ред - не страв

ОДРЖУВАЈТЕ РЕД ВО УЧИЛНИЦАТА БЕЗ ЗАПЛАШУВАЊЕ

Поттикнувањето на позитивно однесување кај учениците треба да биде основна цел за секој наставник во сите активности што ги презема. Со позитивно однесување кај учениците, како наставници ќе можете да воспоставите ред во вашите училници и на тој начин да се фокусирате на настава. Освен тоа, ги развивате и вештините што им требаат на учениците за одржување на добри односи и делотворно учење.

Примена на мерки за одржување на ред и дисциплина во училницата без употреба на заплашување, закани, понижување или физичка сила може да има големо позитивно влијание врз однесувањето на учениците и резултатите од учењето.

Еве некои едноставни совети што се надеваме дека ќе ви бидат полезни:

Воспоставете меѓусебна почит!

Наставниците и родителите често се жалат дека учениците немаат почит кон возрасните. Почитта се гледа во прифаќањето на правата и одговорностите на другите. Таа се одразува во зборовите, ставовите и дејствата при комуникација. Кога на учениците им се обраќаме со почит, покажуваме однесување што ги подобрува меѓучовечките односи, и ги подобруваме изгледите дека и тие ќе се определат за слично однесување со почит кога ќе треба да се разрешуваат меѓучовечки конфликти. За да добиеме почит, мора да покажеме почит, особено кон ученикот.

Ефективните наставници користат разновидни наставни методи, во зависност од ситуацијата. Кликнете на линкот за да научите повеќе за различните методи на настава и во какви ситуации се користат.

Поставете очекувања за однесувањето во училница!

Поставување на соодветни очекувања е можност за развивање на односи на соработка и меѓусебна почит, како и заедничка согласност и прифаќање на 'стандарди за однесување'.

Во согласност со принципите за поттикнување на позитивно однесување, ефективните правила најдобро се поставуваат со позитивна формулација – "ВАКА ПОСТАПУВАЈ" наместо "НЕМОЈ ТАКА". Едноставен пример е "Внимавај да дојдеш на време" наместо "Внимавај да не задоцниш". Освен тоа, треба да има и заеднички прифатен и разбран кодекс на однесување, наместо список на прекршоци што ќе се казнуваат.

Правилата треба да се постават и да бидат прифатени заеднички со целото одделение. Ова ќе ви помогне да воспоставите заеднички јазик, и овозможува сите да ги разбираат потребите на другите.

Воспоставете рутини за почнување на нова лекција или преминување на нова лекција!

Смирување на одделението и здобивање на внимание понекогаш може да биде тешко. Особено на почетокот на предавањето/лекцијата, кога од учениците се бара не само да ја сменат активноста, туку и да се прилагодат од една средина на учење или дружење кон друга. Воведување на рутини и знаење кои постапки би можеле да бидат успешни во различни околности може да им помогне на наставниците да ги смират учениците во состојба за учење.

Наставниците треба да најдат начини да воспостават ред без викање или приговарање. Ако има потреба наставникот да вика или прави врева за да добие внимание, можно е безредието да продолжи.

Еве некои совети што биле искористени од наставници – пробајте ги во вашата училница за да видите дали и за вас ќе бидат од полза:

  • Застанете напред, гледајте ги намуртено со прекрстени раце и чекајте да стивнат.
  • Застанете напред со крената рака и чекајте оддлението да возврати со кревање на раце. За ова да успее, прво треба да поставите правило заедно со одделението дека кога се крева рака, тоа е знак да се престане и вниманието да се насочи кон вас.
  • Почнете со пишување на целите на лекцијата додека чекате да се смири училницата. Ако не е смирена училницата пред да завршите, употребете еден од горенаведените методи и почекајте одделението да почне да внимава.
  • Ако училницата не е смирена поради тоа што вие не сте исполниле нешто што се очекува од вас (на пр. доцните, или вниманието ви го одвлекува неочекувана посета од родител), извинете се на одделението. Со ова извинување вие давате пример за однесувањето што сите членови на групата треба да го очекуваат едни од други.
  • Почнете со некоја лесна активност за загревање.
  • Посветете малку време на крајот на лекцијата за дискусија за важноста на смирена училница.
  • Запомнете да го наградите и пофалите одделението и конкретни поединци за тоа што внимателно ве следеле. Некои наставници за оваа цел користат листа за наградување.

Понекогаш ќе треба да интервенирате!

За жал, нема секогаш сите деца да ги почитуваат правилата. Кога ќе има потреба да интервенирате, запомнете да бидете насочени кон наоѓање на решение и изразувајте се на просоцијален начин. Кликнете на линковите за да дознаете повеќе. 

  • УЧИЛИШТА
    • Изготви политики за однесување
    • Промовирај ненасилство во наставната програма
    • Промовирај партнерство за позитивна атмосфера
  • НАСТАВНИЦИ
    • Воведи ред – не страв
    • Интервенирај со решавање на проблемот
    • Награда - не санкција
    • Примени ефективни наставни стилови
    • Идеи од работилници за превенција и за интервенција
  • УЧЕНИЦИ
  • РОДИТЕЛИ
    • Биди пример на позитивно однесување
    • Внимавај на првите предупредувачки знаци
    • Помош - не казна
    • Вклучи се во училиштето
  • ЗАЕДНИЦИ
    • Медиуми
    • Парламент
    • Служби за помош во зaедницата

follow-us-on-facebook

ДОБРЕДОЈДОВТЕ

Welcome_Schools_Free_Of_Violence

Помогнете ни од оваа веб-страница да направиме место кое ќе му покаже на светот како се здружуваме со цел да создадеме земја во која нема насилство во училиштата.

Logo_Final_MK

unicef-logo mon_logo

  • Правни информации
  • Мапа на сајтот
  • Контакт