Медиумските професионалци и особено новинарите треба да бидат најсилни застапници на човековите права и застапници на промени. Тие треба да дејствуваат како очи, уши и глас на јавноста, насочувајќи го вниманието на јавноста кон случаи на злоупотреба на моќ и повреди на човековите права. Преку својата работа тие може да ја поттикнат власта и граѓанските организации да воведат промени што ќе го подобрат квалитетот на животот на луѓето.
Тие се во добра положба да ги задржат правата на децата како тема на вестите, преку ревносно набљудување на заштитата на тие права и повикување на одговорност на оние што не ги исполнуваат нивните обврски кон децата.
Начинот на кој медиумите ги претставуваат, или дури и ги игнорираат децата, може да има влијание врз одлуките што се носат во нивно име, и начинот на кој општеството гледа на нив. Некои медиуми често ги прикажуваат децата само како неми 'жртви' или шармантни 'невини дечиња'. Со давање на можности на децата и младите сами да го кажат она што сакаат да го изразат – за нивните надежи и стравувања, нивните постигнувања, и влијанието од однесувањето на возрасните врз нивните животи – медиумските професионалци може да ја потсетат јавноста дека децата заслужуваат да бидат почитувани како човечки единки.
Еве некои активности што може да ги спроведат медиумите за да промовираат училишта без насилство:
УНИЦЕФ им се заблагодарува на сопствениците на медиумите кои се приклучија кон кампањата “Заедно за училишта без насилство”. Тие не само што ја промовираат медиумската кампања и создаваат интерес, туку што е уште поважно ја шират пораката дека создавањето училишта без насилство претставува наша колективна одговорност.
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
|
![]() |
![]() |
![]() |
|
![]() |
|||