header
EnglishAlbanian
  • ПОЧЕТНА
  • ВРЕМЕ ЗА ПРОМЕНА
    • Време е да разбереме што е насилство
    • Време е насилството да излезе на виделина
    • Време е да се дејствува
  • НАЦИОНАЛНА АКЦИЈА
    • Градење на капацитетите на училиштата
    • Национална политика, стратегија и насоки
  • ВЕСТИ
    • Најнови вести
    • Прослави го успехот
  • МЕДИУМСКИ МАТЕРИЈАЛИ
    • Симни материјали од кампањата
    • Вклучи се и направи свое видео
    • Вклучи се во flash mobs
    • Прочитај текстови за песни од деца
    • Погледни видеа направени од деца
  • ПОИМНИК
  • КОРИСНИ ЛИНКОВИ И ЛИТЕРАТУРА

Време е насилството да излезе на виделина

ИЗНЕСЕТЕ ГО НАСИЛСТВОТО НА ВИДЕЛИНА

Иако е широко распространето и сеприсутно, насилството помеѓу децата и врз децата е и понатаму општествено допуштено.

  • Насилството е широко восприемено како општествено табу или неопходна форма на дисциплинирање, па така ретко се пријавува;
  • службените статистички податоци и понатаму не ги одразуваат целосно вистинските размери и опфат на овие појави; и,
  • отворено или имплицитно, децата чувствуваат притисок да ги прикриваат случаите на насилство и злоупотреба, особено кога ги извршиле луѓе што ги познаваат и на кои им веруваат.

Верзијата наменета за деца на Истражувањето на Генералниот секретар на ОН за насилството врз децата (за жал ја имаме само на англиски јазик) наведува повеќе причини зошто насилството останува скриено:

  • страв – голем број од децата се плашат да пријават насилство.
  • стигма – децата можеби се плашат дека ако други лица дознаат за насилството, вината ќе падне врз нив (децата) или ќе бидат изолирани.
  • 'вообичаено' – понекогаш на насилството се гледа како на 'вообичаен' начин за справување со некои работи, на пример кога насилството се користи за дисциплинирање, или во вид на насилничко задевање (bullying) или сексуално малтретирање.
  • не се пријавува – понекогаш децата и возрасните не знаат каде да го пријават насилството, или не им веруваат на надлежните. Понекогаш едноставно нема никој надлежен кај кого може да се обратите ако се случи насилство.
  • не се евидентира – дури и ако се пријави насилство, често се случува тоа да не се евидентира, така што вистинските димензии на проблемот не се познати.

Добри податоци и истражувања се од клучно значење за да се разбие невидливоста и општествената прифатеност на насилството помеѓу децата и врз децата, да се разберат ставовите во општеството и факторите на ризик, и за да се подобри заштитата на оние што се во ризик.

Исто така, податоците и истражувањата се незаменливи во нивната улога на основи за изработка на законодавство засновано врз докази, јавни политики и активности за спречување на насилство или реагирање на случаи на насилство, а и со цел да се обезбеди постојано следење и оценување на резултатите и ефектите.

Без добри податоци, планирањето за справување со овие појави на државно ниво ќе биде само делумно успешно, ќе бидат попречени создавањето на делотворни јавни политики и мобилизирањето на ресурси, и насочените интервенции ќе имаат ограничени ефекти во спречувањето и борбата против насилството помеѓу децата и врз децата.

Како и во многу други земји, нема доволно податоци за состојбата во земјата. Сепак, еве некои линкови до студии што даваат претстава за состојбите во одредени земји.

• Студија на почетната состојба со насилството во основните училишта.

• Истражување на УНИЦЕФ за постапки за домашно дисциплинирање на децата – примери од повеќе земји со ниски и средни приходи (може да се симне само на англиски јазик овде Child Discipline Report).

  • УЧИЛИШТА
    • Изготви политики за однесување
    • Промовирај ненасилство во наставната програма
    • Промовирај партнерство за позитивна атмосфера
  • НАСТАВНИЦИ
    • Воведи ред – не страв
    • Интервенирај со решавање на проблемот
    • Награда - не санкција
    • Примени ефективни наставни стилови
    • Идеи од работилници за превенција и за интервенција
  • УЧЕНИЦИ
  • РОДИТЕЛИ
    • Биди пример на позитивно однесување
    • Внимавај на првите предупредувачки знаци
    • Помош - не казна
    • Вклучи се во училиштето
  • ЗАЕДНИЦИ
    • Медиуми
    • Парламент
    • Служби за помош во зaедницата

follow-us-on-facebook

ДОБРЕДОЈДОВТЕ

Welcome_Schools_Free_Of_Violence

Помогнете ни од оваа веб-страница да направиме место кое ќе му покаже на светот како се здружуваме со цел да создадеме земја во која нема насилство во училиштата.

Logo_Final_MK

Насилство се случува во нашите училишта секој ден

 

Разгледајте ја оваа локална студија за да дознаете повеќе.

Понекогаш е полесно да се однесуваме како насилството да не се случува секој ден во нашите училишта, дури и кога се случува веднаш до нас. Погледнете го ова видео од осмоодделенецот Марио и размислете за вашиот личен степен на отвореност.

Состојба со насилство во училиште низ перспектива на едно дете

Прочитајте ја стихотворбата  „Доста ми е од се " напишана од седмоодделенката Симона Захариевска, с. Маштица (имаме само верзија на македонски јазик)

unicef-logo mon_logo

  • Правни информации
  • Мапа на сајтот
  • Контакт