Насилство – физичко и психолошко – помеѓу децата и врз децата се случува секојдневно во училиштата. Се случува помеѓу самите деца. Некои наставници и родители исто така посегнуваат по насилни методи – почесто вербални, но понекогаш и физички – за да ги дисциплинираат децата и да ги научат што е правилно, а што не.
Ефектите од насилството честопати се исти со причините за насилство. Во некои случаи, деца што доживувале насилство го прифаќаат како нешто нормално, и потоа го манифестираат истото однесување. Деца кои постојано се закачани, исмевани, насилно задевани и понижувани дома или на училиште често се чувствуваат отфрлени, прогонувани, безвредни, или немаат самодоверба. Ако на овие деца не им се даде соодветна поддршка во справувањето со овие чувства, тие може таквите чувства да ги "испразнат" на несоодветни начини – вклучувајќи и агресија, па дури и тешки форми на насилство.
Последиците од маѓепсаниот круг на насилство врз децата може да бидат долгорочни, и меѓу нив спаѓаат:
Освен ова, насилството со себе носи и мошне сериозни економски трошоци по општеството, бидејќи ги намалува човечките капацитети и го компромитира општествениот развој. Помали се изгледите децата да имаат долгорочни проблеми поради насилството ако имаат родител или друг член на семејството кој прави тие да се чувствуваат безбедни и сакани, и ако имаат пријатели кои може да им дадат поддршка и не ги наведуваат на противзаконски или опасни работи како што е земање дроги.
Насилството во училиштата е проблем во секоја земја. Она што е важно е дека не треба да чекаме тоа да се случи за да реагираме. За да се стави крај на кругот на насилство, сите – училишниот персонал, наставниците, учениците, родителите и членовите на заедницата – треба да учествуваат.
Кога зборуваме за училишта без насилство, пристапот "однесување за учење", кој тековно се воведува со поддршка од УНИЦЕФ, не се фокусира на самото насилство. Пристапот се фокусира на поттикнување на спротивното од насилството – соживотот, или "сложно заедничко живеење", како што изразува шпанскиот збор "convivencia". Во рамките на овој веб-сајт тоа го претставуваме како создавање на безбедни училишта преку поттикнување на позитивна клима во училиштето.
Потребата од долготрајни промени повикува до СИТЕ да направат промени.
Промената нема да се случи прекуноќ, но ако не се направи систематски осврт на овие прашања, насилството во училиштата ќе продолжи да ја нарушува добросостојбата на децата и училишниот успех на учениците, и со тоа на децата ќе им го оневозможи правото да учат во безбедна средина што ги заштитува.
Се надеваме дека оваа веб-страница ќе ви помогне во остварувањето на промената.