Методите за превенција се делотворни начини за намалување на насилството врз и помеѓу децата, и со нив се создава позитивно однесување за учење. Но, превенцијата сама по себе не може целосно да го отстрани насилното однесување кај сите деца.
За некои деца ќе биде потребна поинтензивна поддршка за да ги намалат нивните високоризични однесувања. Клучот е во тоа да запомниме дека "казнувањето не е одговор". На децата им треба "помош" за да се справат со нивните потешкотии и да ги исправат неправилните постапки.
Во некои случаи може да се укаже потреба за помош од стручни лица.
Еве некои совети што се надеваме дека ќе ви помогнат:
Децата кои доаѓаат во судир со законот имаат право на втора шанса во животот. Преземете брошура наменета за децата кои ќе дојдат во ситуација да бидат осомничени дека го прекршиле законот, или всушност го прекршиле законот. Дајте ја на вашето дете. Може да ја погледнете и видео верзијата на брошурата заедно со вашето дете.