header
EnglishAlbanian
  • ПОЧЕТНА
  • ВРЕМЕ ЗА ПРОМЕНА
    • Време е да разбереме што е насилство
    • Време е насилството да излезе на виделина
    • Време е да се дејствува
  • НАЦИОНАЛНА АКЦИЈА
    • Градење на капацитетите на училиштата
    • Национална политика, стратегија и насоки
  • ВЕСТИ
    • Најнови вести
    • Прослави го успехот
  • МЕДИУМСКИ МАТЕРИЈАЛИ
    • Симни материјали од кампањата
    • Вклучи се и направи свое видео
    • Вклучи се во flash mobs
    • Прочитај текстови за песни од деца
    • Погледни видеа направени од деца
  • ПОИМНИК
  • КОРИСНИ ЛИНКОВИ И ЛИТЕРАТУРА

Промовирај ненасилство во наставната програма

Постигнување на подобрувања во однесувањето и спречување на насилството преку наставната програма

Подучување на децата на социјалните и емоционалните вештини што треба да ги научат за да ги контролираат нивните чувства и да се однесуваат просоцијално и ненасилно е интегрален дел од создавањето на училишта без насилство.

Децата ќе ги научат овие вештини и на формален начин (наставната програма што се предава), како и од широк спектар на можности во секојдневниот живот на училиштето каде децата учат преку примери ("наставната програма" што се прима).

За да се даде поддршка на училиштата во постигнување на овие цели, Бирото за развој на образованието со поддршка од УНИЦЕФ ја изработи Програмата за образование по животни вештини. Програмата ги учи децата да ги препознаат и да се справат со емоциите, да се грижат за другите, да донесуваат исправни одлуки, да се однесуваат на етички и одговорен начин, за развиваат позитивни односи и да избегнуваат негативни однесувања.

Забележано е дека програмите како што е Животни вештини даваат и други резултати освен намалување на насилството. Истражувањата за влијанието на слични програми во други земји потенцира дека програмите како што е Животни вештини: подобруваат редовно посетување на настава; намалуваат нарушувачко однесување; го подобруваат успехот во учењето (оценките); го намалуваат бројот на суспензии и истерувања; придонесуваат децата повеќе да го сакаат училиштето; и придонесуваат децата да се чувствуваат посамостојни, независни и да имаат поизразено чувство на припадност.

Наставните програми обработуваат пет наставни теми на различни нивоа, со активности прилагодени за возраста (одделенија I до III, IV до VI и VII до IX). Во нив се нуди развивање на вештини и однесувања за прифаќање, разбирање или воспримање, како и лично учество на ученикот во настани од секојдневниот живот.

  • УЧИЛИШТА
    • Изготви политики за однесување
    • Промовирај ненасилство во наставната програма
    • Промовирај партнерство за позитивна атмосфера
  • НАСТАВНИЦИ
    • Воведи ред – не страв
    • Интервенирај со решавање на проблемот
    • Награда - не санкција
    • Примени ефективни наставни стилови
    • Идеи од работилници за превенција и за интервенција
  • УЧЕНИЦИ
  • РОДИТЕЛИ
    • Биди пример на позитивно однесување
    • Внимавај на првите предупредувачки знаци
    • Помош - не казна
    • Вклучи се во училиштето
  • ЗАЕДНИЦИ
    • Медиуми
    • Парламент
    • Служби за помош во зaедницата

follow-us-on-facebook

ДОБРЕДОЈДОВТЕ

Welcome_Schools_Free_Of_Violence

Помогнете ни од оваа веб-страница да направиме место кое ќе му покаже на светот како се здружуваме со цел да создадеме земја во која нема насилство во училиштата.

Logo_Final_MK

Кликнете на линковите за да ги преземете наставните програми по животни вештини

• Животни вештини (I - III)

• Животни вештини (IV - VI)

• Животни вештини (VII - IX)

Можете да ги преземете и прирачниците по животни вештини

• Животни вештини (I - III)

• Животни вештини (IV - VI)

• Животни вештини (VII - IX)

За конкретни идеи за работилници од областа на спречување и интервенирање во случаи на насилство одете на ИДЕИ ЗА РАБОТИЛНИЦИ

unicef-logo mon_logo

  • Правни информации
  • Мапа на сајтот
  • Контакт